Сојузот на борците од НОБ ќе го одбележи Меѓународниот ден на мирот

Од:

Сојузот на борците од Народно ослободителната борба (НОБ) на Македонија денеска најави активности за одбележување на Меѓународниот ден на мирот, 21 Септември.

Активностите ќе се одржат во вторник пред Споменикот на ослободителите кај Владата. На прославата на Денот на мирот Сојузот кани дипломати и политичари, Армијата на Македонија со оркестарот и јавни личности кои учествувале во дипломатски, мировни и културни активности.

– Република Македонија со прославата се вклучува рамноправно со сите земји во светот во одбележувањето на овој значаен ден и сметам дека одбележувањето треба да биде што посвечено и помасовно со инволвирање на сите домашни фактори како би ја покажале својата поддршка и однос кон мирот, рече на прес-конференција претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија, Трајко Стаматоски.

По повод Денот на мирот досега се примени две пораки, од Ирена Бокова, генерален секретар на УНЕСКО и од Бан Ки-мун, генералниот секретар на Обединетите нации. Националната порака „Правото на мир, услов за сите други права на човекот“, во име на организациите на Сојузот годинава ја напиша академик Луан Старова.

Пораките официјално ќе бидат прочитани на прославата во 12 часот, кога ќе се читаат и во целиот свет.

Би можело да ве интересира

„Лучија од Ламермур“ на 18 март на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска

„Лучија од Ламермур“ на сцената на Националната опера и балет на 12 март

Ана Ололовска

Премиера на балетот „Госпоѓиците од Авињон“ на 9 март на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска

„Жизел“ од Адолф Адам во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Националната опера и балет со велигденска онлајн премиера на Стабат Матер

Ана Ололовска

Операта „Кармен“ вечер од 19 часот во Националната опера и балет

Ана Ололовска