„Софтвери“: Наместо фирмата која добила тендер, системот и хардверот во Влада ги однела компанијата на надворешниот соработник, тврди сведок

Од:

Сведоци ја објаснуваа тендерската постапка за системот за биометриска идентификација кој меѓудругото бил набавен од Драги Рашковски како генерален секретар на Владата. Тендерот го добила фирмата „Дигитал медиа лаб“, но ниту системот, ниту хардверот биле нејзини. Според сведочењето на управителот Александар Пејчиновски, системот го купиле од ФИНКИ, каде професор е Ивица Димитровски, кој воедно работеше и како надворешен соработник на Владата. За хардверот, сведокот кажа дека го набавиле од фирмата „Г.Б.Ц. системи“ сопственост на обвинетиот Игор Христов, кој исто така беше надворешен соработник на Рашковски во Владата. Од набавката вредна 104,973 евра, фирмата „Дигитал медиа лаб“ која го добила тендерот имала заработка од 2.549 евра.

„Од софтверот немаме изработено ништо. Учествувавме и го реализиравме целиот проект. Не го изготвивме софтверското решение како фирма. Софтверското решение е од ФИНКИ од каде го купивме и го продадовме. Јас не учествував во тие контакти за соработка со ФИНКИ, бидејќи кај нас има сектор кој го води тоа следење на тендери, тој сектор и го водеше тој дел, а комуникацијата одеше преку нив“, кажа управителот Пејчиновски кој додаде: „Хардверскиот дел е купен од Г.Б.Ц. системи. Опремата е купена за 4.168.050 денари. Опремата не беше доставена до Генерален секретаријат од наша страна. Од Г.Б.Ц. не беше доставена до нас“.

Раскажа и какво било примопредавањето. Во Владата го пречекал Игор Христов, надворешен соработник ангажиран од Рашковски, чија фирма му ги продала хардверските делови барани со тендерот. Според управителот на фирмата добитник на тендерот, тие не направиле обука на вработени ниту тие го инсталирале системот.

„Бев примен во кабинет, имаше лаптоп веројатно со програм, имаше стажала каде беше поставен апаратот за скенирање на зеница од око, на биро имаше апарат за идентификација на прст. Дента се јавив и ме прими Игор Христов во просторијата имаше лице од ФИНКИ кој го презентираше програмот. Истиот беше презентиран пред комисија, 3-4 члена. Не беше извршена конфигурација и инсталација на системот од наша страна, освен што беше презентиран пред комисијата. Иако по договор постои, не бевме повикани да извршиме инсталација, обука и сѐ. Да, во целост беше исплатена фактурата при предавање на програмот, следните денови беше исплатено“, додаде тој.

Според Пејчиновски, иако од таму набавил харвер, договор со фирмата на Христов – немал. Сведокот додаде и: „Јас го немам видено софтверот во функционалност“.

„Со Г.Б.Ц. немаме договор, но е реализирано сето тоа“, кажа сведокот.

Од адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска која е бранител на Ивица Димитровски, соработник во Владата и професор на ФИНКИ, сведокот беше прашан: „Дали ќе се согласите дека една од обврските за која е потпишан договорот, не е исполнета?“, мислејќи на обуката, а доби одговор: „Не беа побарани да се реализираат следните чекори. До нас на писмено не е доставен документ, барање за да продолжиме со постапката на обука и се што е дел од договорот. Очекувавме да не контактираат“.

Адвокатот на Игор Христов се интересираше сведокот да каже зошто опремата која требало да ја испорача „Дигитал медиа лаб“ како добитник на тендерот, ја испорачала фирмата „Г.Б.Ц. системи“, сопственост на обвинетиот.

„Јас на тоа прашање го доставив кај одговорното лице за постапката и бев известен дека истата опрема директно од Г.Б.Ц. системи ќе биде доставена до Генерален секретаријат“, рече сведокот.

„Кажавте дека Дуца Зврлевска ви кажала дека опремата ќе биде доставена до Влада, дали ви кажа дека има проблем со опремата, го следевте ли процесот за набавката, ви кажа дека нема да се испорача или во тој стил“, допраша адвокатот на Христов и доби одговор: „Беше пренесено само дека опремата ќе биде доставена. Немам информации дека е доставено, немам таков податок“.

Сведокот кажа дека никогаш не ја видел опремата и додаде: „Во просторот беше инсталиран некој уред и прикачен некој апарат.. Тоа беше поставено таму.. Не проверував, не можам да тврдам дали е нешто тоа, бидејќи јас не го донесов во Генерален секретаријат ниту го поставив таму. Самите уреди си ја вршеа функцијата, поврзани на програмот“.

Набавката на системот за биометриска идентификација е уште еден од тендерите поради кои ексгенералниот секретар Драги Рашковски е на обвинителна клупа, заедно со сосптвениците на фирми Даниел Станчев и Игор Христов, како и професорот Ивица Димитровски.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

A1on

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Пресуда за случајот „Софтвери“ на 6 јули

Ана Ололовска

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“