Софија: Уништувањето на бугарските воени гробишта во Македонија не е европска вредност

Од:

Бугарија придава големо значење на прашањето за зачувување на бугарското културно-историско наследство и на бугарските воени гробишта во Република Северна Македонија и со години води политика за пребарување и обнова на бугарските воени гробишта и споменици во земјата, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарското Министерство наведува дека во најголем дел тие се во многу тешка ситуација, како резултат на „конзистентната политика на дебугаризација во минатото на територијата на денешна Република Северна Македонија“ и дека постојано се обраќа за помош до властите во Скопје, „кои знаат дека ова е едно од болните прашања за Бугарија“.

– Повиците до властите во Република Северна Македонија за помош во потрагата, реставрацијата и заштитата на бугарските воени гробишта беа упатени во едногласно усвоената Декларација на 10 октомври 2019 година на 44-то Народно собрание. Затоа, информацијата за уништување на две бугарски воени гробишта на територијата на Република Северна Македонија, испратена од Фондацијата Македонија, ја сметаме за многу сериозна и Министерството за надворешни работи на Бугарија активно работи на разјаснување на фактите и преземање соодветни мерки, се додава во соопштението.

Бугарското МНР при тоа наведува дека „почитувањето на сеќавањето на мртвите е универзално прашање и пристапот кон него е знак за степенот на перцепција на европските вредности“.

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Михаилова слободно ја мина границата со Бугарија, бугарското МНР не било известено за нејзините потези

Горан Наумовски

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува