Социјалната дискриминација во Македонија

Од:

 

М-р Наташа Димеска

Овој викенд го прославуваме Денот на независноста, денот кога нашата држава се одделила од СФРЈ и започнала сама да ја одредува својата судбина. Во Уставот е запишано дека сме и социјална држава, држава во која секој граѓанин има еднаков пристап до ресурсите. Постојат низа мерки за бесплатно образование, бесплатни учебници, социјална и здравствена заштита. Но, дали оваа социјална политика е навистина толку транспарентна и подеднакво достапна за сите?

Социјалната каса се празни, но како?

Познато е старото правило дека образованите кадри се најскапоцениот ресурс кој го поседува една држава, кој со правилна експлоатација гарантира раст и стабилност на истата. Но, нам не ни треба таков раст, ниту такви ресурси, нас ни треба само полна каса, која ќе може да се дели за да се држи населението среќно и задоволно.

Но, таа каса нема да се распределува налик на онаа на Австрија и Шведска, на која приоритет и‘ се социјално загрозените граѓани и нивната благосостојба, со која ја зацврстуваат стабилноста на својата земја и домашниот побарувачки пазар. Но, на честите роуд- шоуа, нашata vlada ја научи лекцијата на арапските лидери, кои со парите од буџетот ги откупуваат своите проблеми, па на нашата каса приоритет и’ се припадниците на партииите на власт, кои разграбуваат сé што има.

Огласите за вработување на социјални случаи- се само дел од начините да се направи народот среќен, барем дел, оној кој е доволен за да се зацврсти позицијата на власт, притоа оптеретувајќи го буџетот до максимум, но и покажувајќи им на сите граѓани дека за државна работа нема потреба од никакви квалификации, ниту знаења, само е потребна волјата на месијата и сите ќе се среќни и задоволни.

Затоа после нема субвенции кои можат луѓето да ги вратат во нивите, ниту пак кредити кои можат да ги инспирираат да се самовработат. Зошто да отвораат фирми, за да плаќаат даноци од кои се полни буџетот, кога може да се вработат во државна администрација и самите да го трошат нели?!

Ниту глобалната економска криза не може да им пркоси на нивните планови, на нивното задоволство, па покрај тоа што го исцрпуваат буџетот, тие се иновативни и допринесуваат за создавање на своевиден македонски феномен: работно биро со тросед столица, на која може да седнат тројцата партиски потрчковци кои се вработени на истото работно место.

Е, за овие редовни клиенти на буџетот на Македонија, Денот на независноста е вистински празник, празник кој означува дека тие добиле право да прават што сакаат со државата, да ја уредуваат и да ја даваат во рацете на секој, сé додека нивните лични интереси се задоволени.

Но, што со останатите за кои социјална Македонија е злата маќеа? Што со останатите илјадници социјални случаи кои се борат за парче леб, за прехранување на своето многудетно семејство, за обезбедување на огрев за претстојната зима?

Тие немаат што друго, освен да ја трпат својата судбина, зошто нема закон, ниту суд кој може нив да ги заштити од маќеата, од државниот мобинг кој им се случува преку скратениот пристап до работни места, преку недостигот на работни места со половина работно време, преку недостигот на иднината за нивните деца, кои само немо ќе го продолжат ланецот на сиромаштија. Токму тие ќе покажат во каква социјална држава раснеле, полна со социјални случаи.

Па, нели секогаш маќеата злите дела ги прави тајно, за да никој не знае. Така и овие чеда на Македонија остануваат неправедно казнети, гладни и затскриени зад сликата на економски напредок и бум, зад вртоглавиот развој и стабилност на кои очигледно само оние на кои социјалната држава им е мајка се сведоци.

 

Авторката е аналитичарка во онлајн магазинот „Револуција“.

 

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска