„Социетас цивилис“: Законот за употреба на јазиците да се даде пред Венецијанската комисија

Од:

Реакција по повод предлог- Закон за употреба на јазиците даде Институтот за демократија „Социетас цивилис“.

Институтот ги поздравува сите заложби за унапредување на употребата на јазиците на заедниците.

„Во таа насока, ја повикуваме Владата Законот за употреба на јазиците да се даде на мислење на Венецијанската комисија и нејзините забелешки да се вградат во текстот на законот како што е предвидено во Планот 3-6-9. Потсетуваме дека од 2001 година, Уставот на Република Македонија предвидува употреба на албанскиот јазик на централно ниво, во јасно одредени сфери на употреба. Сметаме дека е особено важно државата да посвети внимание на имплементацијата на јазичните права и сметаме дека овој закон треба да ја има таа функција“.

Воедно, тие укажуваат дека при носење на законот е потребна поголема транспарентност и јавна дебата, принципи за кои јасно се залага оваа Влада и Собранието.

„Упатуваме апел до пратениците во Собранието да ја искористат можноста за повторно разгледување на законот и да ги отстранат евентуалните недостатоци со вклучување на стручната јавност во дискусијата, со што воедно ќе се намали и можноста за манипулација со јавноста.“

Би можело да ве интересира

Шаќири „максимално ќе го поддржи“ отворањето посебни сектори за примена на јазиците во сите институции

Жарко Настоски

Втор ден меѓународна научна конференција за примената на Законот за употреба на јазиците

Ана Ололовска

Дескоска: Сериозно ги разгледуваме препораките на Венецијанската комисија

Законот за јазици нема да се ревидира, тврди вицепремиерот Османи

Заев: Зачувувањето на јазикот е од огромно значење за обединување и културно поврзување

Од Венецијанската комисија не бараме одложување на мислењето за Законот за јазиците, вели Заев

Ана Ололовска