Сочувство од Ахмети до американската влада

Од:

Али Ахмети  испрати писмо со сочуство до американската влада  за жртвите од ураганот „Сенди“.

„Сите ние во ДУИ   сочуствуваме со болката на американскиот народ во овие тешки мигови за сите вас, и ве молам дозволете ми, во името на сите наши членови и поддржувачи, како и во мое лично име, да ви изразиме најискрени сочуства за семејствата на загинатите од природната катастрофа на источниот брег на САД и да го изразам нашето жалење за големите материјални штети кои што ја погодија вашата земја“, напишал Ахмети во писмото.

„ На источниот брег живеат многу американски државјани со Албанско поттекло и нашите молитви, како и на нивните семејства кои што живеат во Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, им се посветуваат ним и на сите американци кои што поминуваат низ овие тешки денови. Вредноста на солидарноста со другите нации ја промовираа токму Соединетите Американски Држави и ние, Албанците, сме многу благодарни и остануваме вечно солидарни со американскиот народ, и во последниот случај со природната катастрофа настаната од ураганот Сенди. Ова, Албанците нема никогаш да го заборават и остануваат вечно благодарни како и се постројуваат покрај американскиот народ секогаш, во гордост и во болка. Господ да ве благослови и да биде со вас во овие тешки мигови“,  напишал Али Ахмети во писмото со сочувство до амриканската влада.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел