М-р Митко Јованов
Собраниската говорница во секоја демократска држава е најмоќно место. Преку собраниската говорница се изнесуваат ставовите на граѓаните преку нивните избрани преставници во Собранието-пратениците. Македонската собраниската говорница ретко кога била моќно место, таа во најголем дел во изминатите две децении е претворена во алатка за манипулација со граѓаните наместо за застапување на нивните интереси.
Собраниската говорница се покажа и како опасно место за опозициските пратеници на 24 декември минатата година. Случајот од 24 декември, кој опозицијата го именува како „Црн понеделник“, покажа дека со собраниската говорница располага Владата, а не пратениците, и тоа не само од опозицијата, туку и пратениците од мнозинството, ја покажаа својата сервилност кон извршната власт во пакет со претседателот на Собранието.
Контролата врз собраниската говорница не ја има само сегашната Влада, повеќе или поамлку контрола имале и изминатите влади, само оваа Влада тоа го демонстрира на најгруб начин кога почуствува опасност дека ја губи контролата врз Собранието и тоа во време кога се доенсува најважниот акт во Собранието-годишниот буџет.
Случајот од 24 декември 2012 година, ја покажа доминацијата на Владата со законодавниот дом во најгруба форма, отворено, без никакви дилеми. Овој скандал е врвна прзентација на отворена сцена за тоа кој и како во Македонија владее.
Конечно стана очигледно дека власта не почива на вољата на граѓаните, туку таа се изневерува во најбрутална смисла, и власта е се практикува за реализација на лични, партиски и бизнис интереси.
Овој процес на манипулација на довербата на граѓаните е почнат уште во деведесетите години и со помал или поголем интенизитет се постоеше и заврши со исфрлање на опозициските пратеници од Парламенот.
За секој случај да појаснам дека кога велам манипулација на довербата на граѓаните, мислам на купувањето пратеници, нивно преминување од една во друга партија за пари (признание на Љубчо Геиргиевски). Потоа, не вршење на контролната функција врз извршната власт, како се трошат парите, не постапување за откривање и политичко санкционирање на бројните злоупотреби на извршната власт за лични интереси и на штета на правата на граѓаните.
24 декември-почеток да се врати власта на демократски основи
Од случајот од 24 декември 2012 година единствено што ни остана е да ја научиме најважната лекција за демократијата, дека таа зависи од капацитетот на личностите кои ќе ги избираме, но и да бидеме секогаш со отворени очи и уши како тие ја извршуваат функцијата и како ја почитуваат довербата што им сме ја дале.
Пример за тоа какви не треба да бидат следните пратеници, потребно е да ги погледните пратеничките состави изминатите десет години, посебно последниот состав.
Во продолжение ќе ја споделам мојата импресија од која сеуште сум воодушевен, иако се поминати околу 17 години. Станува збор за пратеникот од првиот состав на Собранието Никола Стојановски, кој за мене е еден од малкуте примери за тоа како треба да се извршува пратеничката функција во независна Македонија.
Мал осврт кон ликот и делото на Стојановски
Никола Стојановски беше еден од најпознатите и врвни лекари-педијатри во Велес, во Македонија но и во странство. Денеска ако сеуште живее, треба да биде 89 годишен пензионер.
Со лекарот Стојановски ме поврзуваат деновите од детството, тој беше мојот доктор-педијатар, кај него родителите ме носеа на лекар. Се сеќавам дека беше привилегија за секои родители, др. Стојановски да му биде лекар на нивното дете, бидејќи беше врвен лекар со специјализации во странство.
Токму затоа кај него секогаш имаше гужва, со часови чекавме да дојдеме на ред, бидејќи др. Стојановски секој свој мал пациент внимателно го прегледуваше, даваше совети, кон нив се однесуваше како нивни родител.
Токму затоа и ние децата, го сакавме и поздравуваме, имавме голема стравопочит кога ќе го сретниме по ходниците на детското оделение во велешката болница. Неговата бела коса, високи веѓи, со скоро секогаш сериозниот израз на лицето-дополнително делуваа на неговиот висок авторитет.
Доктор Стојановски – пратеник
Стојановски во 1991 година на првите повеќепартиски избори беше избран за пратеник во првиот состав на Собранието, тогаш имаше 68 години.
Тој ја водеше првата седница на Собранието пред да биде избран првиот претседател на Собранието, бидејќи беше најстар пратеник од тогаш избраните народни преставници.
Пратеникот др. Стојановски на седниците во Собранието на релација од Велес до Скопје и назад, патуваше со автобус. Многу често околу 9 часот наутро го гледавме како чека автобус, често се случуваше да патуваме во ист автобус до Скопје, или пак назад.
Граѓаните, често ги користеа ваквите прилики да му пријдат и да поразговаарт со него, да го прашаат, да се посоветуваат, да се пожалат-секој со своите проблеми. Во првите години на плурализмот, немаше отворени канцеларии во кои пратениците можеа да ги примаат граѓаните, (или поточно партиските членови) како денеска што постојат, кои пак се отворени со помош на странски организации а со цел да допринесат за развој на демократијата.
На пратеникот др. Стојановски не му требаше таква канцеларија, тој со луѓето се среќаваше на автобуска станица, во автобус, на улуца, низ чаршијата по која можеше да го сретните скоро секоја вечер како шета со своите пријатели, да седи во пензионерските домови, секаде каде беа и граѓаните.
Не го интересираше да биде директор на некоја фирма, јаввно претпријатие, институција, како што беше случај со неговите следбеници после вторите парламентарни избори во 1994 година, кои покрај пратеничката функција себеси се поставуваа и за директори на државни фирми, а зошто? За лично да се збогатат на криминален начин!
Неговиот авторитет-несовладлива пречка за партискиот лидер
За др. Стојановски пратеничката функција преставуваше чест и предизвик своето искуство, знаење да го стави во функција на подобрување на состојбите на граѓаните. Таков пратеник имаа граѓаните на Велес и неговата поширока околина од 1991 година до 1994 година.
Не беше важно, ниту пак сега е релевантно, да споменуваме на која партија и припаѓаше др. Стојановски, бидејќи него го препознававме пред се како народен човек, а не како партиец и партиски војник. Незамисливо беше некој, макар тој бил и лидерот на партијата, на др. Стојановски да му диктира како треба да гласа или да настапува во Собранието.
Бидејќи неговиот минат труд, авторитет, интегритет, беа несовладлива пречка за партискиот лидер да побара од него понизност и слепа послушност.
Аргументите јасно зборуваат дека повеќето пратеници од првиот состав беа поблиски до граѓаните, подобро се носеа со предизвиците во тие бурни години, кога се поставуваа темелите на независноста на државата, во споредба со пратениците од следните состави на Собранието.
Од луѓе алчни за пари и моќ не бидува народни избраници
Алчноста, самобендисаноста, ароганцијата, крадењето, себичноста, слепата послушност пред партискиот лидер, станаа особини на пратениците. Затоа и причините за состојбите во кои се доведовме до денеска, треба да ги бараме токму во капацитетите и особините на избраниците во Парламентот, што пак е последица, функционерите во извршната власт да бидат неодговорни и самоволни во практикувањето на власта.
Во пратеничките клупи до денеска се изредија и такви личности кои немаа ниеден ден работен стаж во својата професија, што значи без резултати зад себе, имаше, и има и такви со незаокружено образование, пратеници чиј глас, граѓаните не му го слушнаа од собраниската говорница, гласаа за закони без да знаат што пишува во нив.
Ваквите состави на Собранието предизвикаа огромни штети на развојот на демократските процеси во државата, затоа денеска сеуште сме држава во која демократијата и правната држава се само форма испишана на хартија.
Преставник на една од амбасадите во нашата држава, која финансиски помогнала за да се подобри работата на нашите пратеници, пред неколку години изјави:
„Попусто вложивме стотици илјади евра за да им овозможиме на македонските пратеници да се запознаат со искуствата и начинот на работата на пратениците во нашата држава. Ваквиот проект не помогна во подобрување на работата на вашите пратеници“.
Причината за вакавата констатација на дипломатот се заснова на фактот што пратениците престојот го искористиле за шетање и билдање дневници.
Темелот на демократијата се пратениците, бидејќи тие се гаранцијата и главен столб на правниот поредок. Нивната моќ е во тоа што директно власта ја црпат од граѓаните кои ги избрале. За да не биде тоа само форма, тие треба да живеат со нивните маки и проблеми.
Многу пати сме сведоци на информации за кршење на правата на граѓаните, дали тоа се работи за правата на работното место, за оставрување на своите права и потреби во државните институции, за разни форми на дискриминација.
Во ситуација кога државните инситуции и испекциските служби ни се корумпирани и слаби, први кои треба да реагираат за да ги заштитат праватата на граѓаните треба да се пратениците кои ќе се заложат за заштита на правата на граѓаните пред се од својата изборна единица и да инсистираат од надлежните институции и испекции да го спроведуваат законот, токму пратениците да бидат гаранти дека правата на граѓаните ќе бидат заштитени.
За жал, во изминатите две децении ниту пратениците од редовите на власта ниту пак од опозицијата не ја практикувале моќта на пратеничката функција во служба на своите избирачи.
Но, на секои следни избори тие повторно без страм и перде ја бараат подршката за нов мандат.
Совесен пратеник кој реално сака да биде во служба на граѓаните, тој ќе се интересира како се спроведуваат законите барем во изборната единица од каде е избран. Токму затоа пратениците го имаат имунитетот за да можат да имаат моќ над сите други државни органи.
Собраниската говорница-најмоќно место
Ако сакаме да бидеме демократска држава, тогаш најмоќно место во државата треба да биде собраниската говорница. Пратеникот треба да воведе практика пред да тргне на пат за Собранието, да посетува некоја од подрачните единици на државните институции.
Доволно е да прошета по ходниците за да се запознае како функционира државата на лице место, ако треба да им укажува на одговорните во конкретните институции на нивните пропусти, особено кога се кршат правата на граѓаните. Истотака, да се интересира за правата на работниците во фирмите кои работат во неговата изборна единица.
Јас ќе гласам на следните парламентарни избори за пратеник кој ќе ми вети дека ќе ја воведе оваа практика во вршењето на функцијата и ќе биде достапен за граѓаните како мојот доктор Стојановски кога беше партеник. А не да поминува низ град единстевно со луксузен автомобил. Признавам дека ќе бидат ставен на големи маки да се одлучам. Затоа се залагам за воведување мнозински систем за избор на партеници или пак пропроционален изборен модел со отворени листи, повеќе на оваа тема пишував во текст кој може да го погелднете на следниот линк.
Авторот е основач на онлајн магазинот „Револуција“.