Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

Од:

Собраниската Комисија за економски прашања, на чиј дневен ред беа предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти во енергетиката по скратена постапка, е одложена.

На календарот на собраниската веб страница, иако првично беше најавена, тргната е седницата на Комисијата за економски прашања на која како точки на дневен ред беа предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти „Соларен парк Стипион“, Соларна електрична централа – Пехчево, АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ и МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје, сите по скратена постапка.

Здружението на инженерите информира дека од сите собраниски тела побарало нивни членови да присуствуваат на 140. пленарна седница на Собранието на која по скратена постапка се разгледуваат законите за 4 стратешки инвестиции во енергетиката.

Посебен интерес, како што наведуваат, Здржуението има за енергетскиот инвестициски проект „Митилинеос когенеративна гасна централа“.

Оттаму велат дека до сега не добиле одговор од Собранието и од собраниските тела.

Основа за нивното барање е членот 122 став 2 од деловникот на Собранието, а бараат нивни претставници да го изнесат нивното мислење.

Министерот за економија Крешник Бектеши поради забелешки на текстот на законите за две стратешки инвестиции најави дека ќе побара владата да ги повлече законите, но нема информација дали тоа се случило на последната седница на владата.

Би можело да ве интересира

Потенцијален инвеститор заинтересиран за изградба на когенеративна гасна постројка

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Катерина Ѓуровски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он