Собранието расправа по ребалансот, власта и опозицијата се судрија околу ефектите од антикризните мерки

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија втор ден се расправа по ребалансот на Буџетот кој се носи поради ковид кризата и чие донесување се очекува за да почне реализацијата на четвриот пакет мерки тежок 470 милиони евра.

Пршањата што денеска се отворија беа каде се парите, реализацијата на претходните пакети мерки, како и реализациајата на капиталните расходи.

Опозицијата со забелешки дека расходите се историски на највисоко ниво, дефицитот е на највисоко ниво, реализацијата на капитални инвестиции на најниско ниво, а парите предвидени во трите пакет економски мерки досега не се реализираат целосно.

– Не очекуваме дека овој пакет мерки ќе го даде саканиот резултат. Во поглемиот дел од мерките имате некои скриени работи кои потоа излегуваат и не може да се реализираат сите средсва како и во претходните пакети, за кои од 550 милиони се реализирани 190 милиони, рече Никола Мицевски од ВРМО-ДПМНЕ.

Неговиот сопартиец Александар Николовски наведе дека само 8,2 отсто од вкупните расходи се помош за антикризните мерки.

Тоа, како што рече од 1000 денари, 900 денари се приходи што треба да се соберат, а за 100 денари ќе се задолжи државата, а кај народот за помош во задржување на работни места ќе се вратат само 82 денара.
Забележа на ниската реализација на капиталните инвестиции од 7,3 отсто, која според него има историски најсниска реализација, а првата, како што рече, исто така е во времето на владата на Заев во 2018 година.

Најголем хендикеп, како што рече пратеникот Антонио Милошоски, е што се кратат капиталните расходи.

-Најголемито проблем на ребалансот е што се кратат средства за капитални инвестиции. Во мала држава како Македонија најдобра работа што може да се направи е да се зголемат срествата и реализацијата на капиталните инвестиции, кои зависат од самата Влада, држава и општина. Ако се зголемат средствата ќе се ублажи економскиот удар. Неспсообноста на сегашната влада и на централно и локално ниво се гледа во реализација на капиталните инвестиции, истакна Милошоски.

Костадин Костадинов од СДСМ потенцира дека е важно во време на економски кризи државата да инвестира, но не да прави споменици.

-Во 2009 износ издадена еврообрзница од 175 милиони евра со камата 10 отсто. Од заложна куќа да земавте помала камата ќе земевте. 270 мииони е еврообврзницата во 2015, со 6 отсто камата. Каде се парите. Само во 2020 и 2021 по основ на главен долг сите ние теба да вратиме 770 милиони евра и по основ на камата 220 милиони евра тоа е е милијарда евра. Не ја спомнувајте Скопје 2014, таму се парите кои сите ние треба да ги враќаме, истакна Костадинов.

Неговата сопартијка Ирена Лазареска и одговори на опозицијата дека најдобро знае каде се парите, затоа што, како што рече, во 2006 наследија јавен долг од 1,5 милијарда евра, долгот кога заминаа од власта беше над 5 милијарди евра, а скриените долгови, како што рече, не беа испливани кога ја презеле власта.

-Никаква криза немаше кога на 1 јули 2017 година вие ја оставивте економијата со негативно салдо од минус 1,8 отсто. Тогаш беше само трагедија што требаше да ја дадете власта, а во меѓувеме вие ја урнисувавте економијата, рече Лазарески и додаде дека оваа криза е 10 пати поголема и се случува во целиот свет не само во земјава за што се проектира пад од 4,4 отсто.

Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски во расправаата наведе дека ова е најголема криза која се случи во еден момент и направи пад на БДП на најголемиот дел од сите економии во светот и сите држави ги зголемија своите дефицити и јавни долгови.

Појасни дека за трошењата од буџетот има две големи групи кои се проектираат во секој буџет, а тоа се трансфери кон пензиско, социјални фондови и здравство, што, како што рече, не е намалено во ребалансот и ќе бидат исплатени и пензиите и социјалните права и платите, а за субвенциите потенцира дека тие се на повисоко ниво проектирани, и оти земјоделството е сектор што покажа раст во оваа криза од 3,7 отсто.

Расходите, истакна заменик-министерот се зголемени за 4,1 отсто за да може да се финансираат пакетите на мерките и оттука зголемувањето на дефицитот и јавниот долг е од потребата да се финансираат предвидените мерки.

Независниот пратеник Зекир Рачиловиќ ги повика пратениците дека е најважно да се усвои ребалансот што е можно побрзо за да се спроведат мерките и ги повика да се воздржат од несуштински дискусии.

Бедри Фазли од ДУИ истакна дека ребалансот е насочен кон закрепнување на економијата со четвртиот пакет мерки од 470 милиони евра, додека Илире Даути од Алијанса за Албанците кажа дека резултатите ќе бидат лоши и дека владата задоцни со првите пакети мерки за поддршка.

И пратеникот Панчо Минов повика да се сврти темата кон целите на донесување на овој ребаланс од аспект на граѓаните и фирмите кои го очекуваат својот бенефит и решавање на проблемите.

Расправата по ребалансот, почна вчера, а согласно Деловникот може да трае најмногу пет дена. По неговот донесување ќе почне да се реализираат мерките од четвртиот пакет предвидени за месеците октомври, ноември и декември, а поддршката изнесува 470 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови