ВИДЕО: Собранието ја разреши Катица Јанева

Од:

Со 102 гласа „за“, без воздржани и без против Собранието ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Одлуката од Собранието ќе биде испратена до Советот на јавни обвинители од каде истата треба да биде одобрена.

Со тоа целосно завршува процесот за разрешување на Јанева.

Најверојатно претседателот на Собранието Талат Џафери уште денеска ќе ја испрати одлуката до Советот на јавни обвинители.

Во извештајот од Советот на јавни обвинители стои дека Јанева работела несовесно и противзаконски што е причина за нејзиното разрешување.

Јанева е во притвор како третоосомничена за случајот „Рекет“

На пленарната седница не се расправаше за извештајот на Советот на ЈО, туку само за предлогот за разрешување на Комисијата за прашања на избори и именувања.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов