Собранието ги донесе измените на Изборниот законик

Од:

Собранието во рамки на 52-та седница без расправа со 78 гласа „за“, два „против“ и еден „воздржан„ и 24 гласа „за“ и еден „воздржан“ од пратениците од помалите етнички заедници попладнево го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.

Координаторот на СДСМ Јован Митревски претходно во образложението на законот по скратена постапка поднесен од пратениците Јован Митрески, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Бастри Бајрами, Сурија Рашиди, Борислав Крмов, рече дека зад предлогот стојат сите партии и од мнозинството и од опозицијата и оти станува збор за измени кои произлегуваат од последниот извештај на ОБСЕ/ОДХИР за предвремените парламентарни избори 2020 година.

– Со измените се опфатени сите делови на извештајот на ОБСЕ-ОДХИР и со истите се овозможува поголема ефикасност на изборните органи, се зголемува и подобрува ефикасноста и транспарентноста во изборниот процес, се прецизираат, појаснуваат и поедноставуваат одредени делови од процесот, надлежноста на изборните органи и другите институции. Генерално со сите предложени измени и дополнувања се опфатени и ќе имаат бенефит пред сè граѓаните како гласачи, кандидатите, но и институциите кои имаат свои надлежности во изборниот процес, рече Митревски, кој побара предлог-законот да се донесе во скратена постапка, бидејќи не е обемен.

Пратеникот Павле Трајанов од ДС истакна дека е потребна целосна реформа на Изборниот законик и забележа дека нема услови за рамноправен натпревар на партиите.

Во рамките, пак, на 50-тата седница Собранието попладнево едногласно со 80 гласа „за“ го донесе Законот за дополнување на Законот за облигациските односи, што по скратена постапка беше поднесен од пратениците Јован Митрески, Снежана Калеска Ванчева, Фиснике Бектеши Шаќири, Бастри Бајрами, Мирослав Јовановиќ.

Снежана Калеска Ванчева од СДСМ во образложението рече дека се работи за измена и дополнување на Законот за облигациони односи со која се потврдува начелото на кое се заснова законот – правичност, забрана за монополско здружување и еднаквост на сите страни.

-Со измените се исправа неправдата со која се соочуваа граѓаните кои мораа за неплатени обврски да плаќаат камата која многу пати го надминуваше износот на долгот. Сега каматата нема да може да ја достигне висината на главниот долг, рече Калеска Ванчева.

Во реплика Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека даваат целосна поддршка на законските измени и додаде дека тие нема да важат ретроактивно

-Да не ги доведеме граѓаните во заблуда. Каматите кои досега им се достигнати ќе треба да ги платат, а по донесувањето на измените каматата нема да може да го надмине главниот долг, рече Мицевски.

Димитар Апасиев од Левица, исто така во реплика, посочи дека законското решение е препишано од изборната програма на Левица.

-Ова што сега до донесуваме се вика камата на камата и е напишано во изборната програма на Левица во 2016 година, рече Апасиев и додаде дека се надева дека тоа ќе ја отвори за донесување закони против лихварство.

Во контра реплика Калеска Ванчева наведе дека и е драго што го имале во нивната програма во 2016 година, но посочи дека од 2020 година откако влезе Левица во Собрание имал можност да направи нешто, но не направил.

Пратениците во рамките на 50-тата седница потврдија и две законски решенија во прво читање и три автентични толкувања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште