Со закон за потекло на имотот ДКСК ќе се бори против функционери кои го ставаат имотот на туѓо име

Од:

За може да ја следи имотната состојба на функционерите и по напуштањето на функцијата, но и на сите останати граѓани, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) инсистира на донесување закон за потекло на имот. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска вели дека анкетните листови за имотната состојба што ги пополнуваат избраните и именуваните лица не се доволни оти по завршување на функциите никој не ги следи.

„Сиот имот и не мора да се запише на сопствено име. Ни треба закон за потекло има имотот за да се постават сигурни темели во општеството, за секому да се знае од каде му е имотот. Ние немаме законско право да ги следиме избраните и именуваните лица откако ќе им заврши функцијата. Имотот може да се препише на друго име па после да се отпише“, вели претседателката Ивановска.

Таа најави анализа на имотната состојба за избраните и именуваните лица за тоа кои и со колкав имот заминуваат од функциите и колкав е имотот на оние што стапуваат на функции.

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев