Со стендап на Сашко Коцев почнува хуманитарната акција на МНТ

Од:

Со стендап комедијата на Сашко Коцев вечерва во Македонскиот народен театар почнува хуманитарната акција „МНТ – театар на хуманоста и солидарноста“ со која оваа културна институција се вклучува во активностите за помош на поплавените подрачја во скопскиот регион.

Покрај ова, на сцената на Македонскиот народен театар во понеделник ќе биде изведена претставата „Не се клади на Енглези“, во вторник „Сомнително лице“, а во среда „Свадбата на Фигаро“. На 12 септември на програмата е „Брачна игра“, а на 17 септември премиерно ќе биде изведена претставата „Прекината одисеја“ која е во копродукција со Театарот во Полска.

Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за поплавените подрачја.

Раководството на МНТ се надева дека со оваа акција ќе им помогне на граѓаните кои беа поплавени од невремето што на 6 август го зафати скопскиот регион.

Би можело да ве интересира

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Во сабота во спортската сала „Кале“ забава и кошарка во хуманитарни цели

Горан Наумовски