Со потпис на Артан Груби се отвора можност регионалното подземје да влезе во коцкарскиот бизнис во Македонија обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Народот едвај врзува крај со крај, а Владата наместо економски пакети, мерки или нови работни места им отвора три нови фирми за коцкање. Да биде скандалот поголем ова се прави со одлука на влада, со потпис на Артан Груби, при што на државна лотарија, раководена од неговиот близок пријател Прпарим Бајрами, и дозволува да распише оглас за доделување на лиценци за онлајн коцкање во партнерство со државата велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Огласот предвидува услови кои исклучуваат домашни компании и речиси оцртуваат дека оваа лиценца треба да ја добие бугарска компанија од коцкарскиот бизнис која е во сопственост на лик од бугарското подземје, Васил Божков викан Черепот. Но тоа не е се, веќе постојат сериозни индиции дека една од лиценците за овој вносен бизнис треба да биде доделена и на косовска компанија, со што целиот процес се компромитира. За Черепот знаеме дека е на црната листа на САД, меѓу другото и заради поткуп на функционери со цел да овозможи ширење на својата коцкарска империја, а за другата компанија од Косово допрва ќе излегуваат бизнис тајните. Едно е сигурно, Груби целиот овој бизнис го овозможува со својот потпис. Ковачевски може никој не го прашува, но е целосно одговорен за тоа што неговата влада се заортачува со подземјето од регионот и овозможува нивно влегување во Македонија преку коцкарски бизниси, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Судот го одложи рочиштето за „Државна лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами, судењето продолжува на 18 септември

Перпарим Бајрами се предаде на „Блаце“, спроведен е во затворот „Шутка“

Горан Наумовски

По повеќе од една година мината во бегство: Перпарим Бајрами и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он

Артан Груби повторно на обвинителна клупа, закажано ново рочиште во скопскиот Кривичен суд

А1он

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина