Со овации присутните на аеродромот ги дочекаа ракометните шампиони

Од:

Во 21:30 часот вечерва фановите ги пречекаа шампионите на скопскиот аеродром со мал огномет. По повеќе од три часа чекање толпата навивачи ги дочекаа своите ракометни херои. “Една љубов, еден живот Вардаре”, им запеаја присутните.

Навивачите извикуваа „шампионе, шампионе“ и „Столе, ти си наша икона“. Со пехарот во раце излезе Стоилов. Фановите ги пречекаа хероите со песните „Вардаре шампионе“, но и „Никогаш Северна“.

Автобусот со ракометарите се упати кон центарот на градот, каде шампионите ќе прослават Европската шампионска титула заедно со фановите.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски