Дибиров: Не знам како успеавме ама се договоривме да изгинеме на терен

Од:

Тимур Дибиров од автобусот кој се упатува кон плоштадот во Скопје кажа дека по првотополувреме од финалниот меч, вардарци се договорле да изгинат на терен, по секоја цена.

„Немавме поима како успеавме. Ние сакавме да се бориме до крај и само тоа го направивме. Не можам да замислам дека по втор пат можевме да се возиме со овој пехар и да имаме ваков пречек. Ама еве успеавме. После прво полувреме имаше срашно пцуење. Се договоривме да изгинеме на терен“, Тимур Дибиров.

Репрезентативецот Карачиќ посака и идната година Вардар да слават прво место како и оваа.

„Ништо не е важно, освен што Вардар повторно е прв во Европа. Никаква индивидуална награда не може да биде подобра од оваа. Се надевам дека следната сезона ќе слават како оваа“, рече Игор Карачиќ.

Чупиќ кој е избран за најдобар играч на својата позиција во Европа упатувајќи се кон плоштадот рече дека се што тој сака е во Скопје.

„Најдобра фамилија, со срце и карактер е Македонија. Се што сакам имам во Скопје и сакам да останам. Не само јас, туку сите сакаме. Така што, со вакви играчи, нема подобро“, рече Иван Чупиќ.

Би можело да ве интересира

Славко Голужа: Тактичка победа над Еурофарм Работник во Битола

Ана Ололовска

Вардар поразен од Веспром

Ана Ололовска

Кокшаров: Моето назначување за тренер на Вардар беше неопходна мерка

Ана Ололовска

Филип Чурлевски: Го „скршивме мразот“, важна победа на Еурофарм Работник

Дибиров: Им благодарам на Кил што ни покажаа до каде е овој Вардар

Писонеро по тешкиот пораз: Никогаш не сум видел полувреме со четири гола