Вардар 1961 поразен од Нант во ракометната ЛШ

Од:

Вардар 1961 го доживеа вториот пораз во Лигата на шампионите, прв пред својата публика. Вечерва во Скопје, во драматична завршница, црвено-црните загубија од Нант со 32:33 (15:16).

Вистински спектакл беше натпреварот во „јане Сандански“, пред бучната публика. Вардар подобро влезе во мечот, но играчите на Нант се ослободија од почетната трема и во 17. минута францускиот вицепрвак имаше предност од четири гола. Вардар сепак до крајот на полувремето се доближи на само гол негатива.

До средишницата на вториот дел се играше гол за гол, Нант потоа стекна предност од два гола, која Вардар експресно ја анулира по тајм-аутот на тренерот Чупиќ.

Играчте во црвено-црни дресови продолжива во ист ритам, носени од публиката дојдоа до предност 29:27, но не успеаја да ја направат клучната разлика. Нант успеа да изедначи на 31:31 и тука започна неверојатниот финиш.

Во последните две минути, Малус беше трагичарот. Словенецот загуби топка, отовро контра за противникот, но Гогов го одбрани ударот на Леополд. На спротивната страна Малус имаше чиста позиција, овој пат се истакна голманот на Нант, Бонде.

Нант во финишот доби седмерец, го реализираше Леополд, а во последните секунди Малус не успеа да постигне гол.

Абделхак со 10 погодоци го предводеше Вардар 1961, шест имаше Малус, а по пет Воркапиќ и Љевар. Нант го предводеше Швајцарецот Леополд со 13 голови.

Би можело да ве интересира

Вардар со трофеј ја отвори новата сезона

А1он

РК Вардар 1961 со нов дрес – златниот сјај на историјата и новите победи

Горан Наумовски

Фуксе Берлин и Барселона во финалето на ракометната ЛШ

А1он

По седум години решен e случајот со починатиот Емилијано Сала – Кардиф нема право да бара отштета од Нант

А1он

Отец Пимен: Стоилов треба да се почитува како шампион и човек со свој став

Ана Ололовска

ВИДЕО: Експлозија од радост, илјадници граѓани ги пречекаа вардарци на плоштад

Предраг Петровиќ