Со координирана работа на експерти институциите ќе го спасуваат Охридскиот регион

Од:

Лошата координација на релевантните институции, ниските капацитети на експертските институции се нотирани во извештаите на УНЕСКО како една од најслабите точки поради кои има неконтролирана урбанизација и деградација на исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион.

По препорака на Министерството за култура, Владата минатата недела усвои десет заклучоци според кои во иднина треба да се постапува за ефективна заштита на Охридскиот регион.

Но, за колку време и дали ќе може ефикасно да се спроведат мерките и натаму нема одговор. Од Министерството за култура велат дека постоечкиот Закон Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион од 2010 година е добар но тој не бил почитуван речиси една децениија.

„Во континуитет ја следиме ситуацијата и начинот на управување со Охридскиот регион како заштитетно светско природно и културно наследство од УНЕСКО. За жал, системот на управување до 2018 бил потполно нефункционален, кога за прв пат е формирана Комисјата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, а Планот за управување е донесен во јануари 2020 година, односно со задоцнување од една деценија. Во тој период се искористила таа празнина за да не се почитуваат законските обврски за заштита на регионот дефинирани во Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион од 2010 година. Недостатоците се адресирани во изминатите три години и сите институциии, како на централната така и на локалната власт, мора да ја подобрат имплементацијата на постојните закони.“, велат од Министерството за куплтура.

Дозволите ги издаваат општините согласно Законот за градење. Во процерудите за одобрување на потенцијална градба Завод и Музеј Охрид и Управата за Заштита на културното наследство имаат клучна, експертска улога.

Во работата на општините и издавање на дозволите ќе се вклучи и Министерството за транспорт и врски.

„Формирана е пет члена стручна комисија која ќе изврши увид во работата за Општина Охрид за процесот на издавање/спроведување на одобрението за градење на локацијата и неделава се очекува да гои добиеме првите заклучоци. Во комисијата членуваат архитекти и правници“, вели Кире Коцевски, одговорен за односи со јавноста во Министерството за транспорт и врски.
Приоротетно ќе се преиспитуваат актуелните случувања на локацијата на поранешниот ресторан Парк.
Ексерти ќе ангажира и Министерството за култура за да ѝ помагаат на Управата во спроведувањето на одредбите за интегрирана заштита на Охридскиот регион, согласно Планот за управување. Членовите на експертскиот тим сеуште не се познати.

„Согласно постоечките регулативи за заштита на исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион, не се исполнете условите за градба во крајбрежниот појас кај Парк. Тој процес мора да биде соодветно адресиран, веднаш, па по спроведените анализи да се утврди дали би можело таму да никне градба, и доколку да, каква и под кои услови.“, децидни се од Министерството за култура.

Надлежните се надеваат дека со интегриран, координиран и синхронизиран пристап на институциите ќе се овозможи подобра заштитата на Охридскиот регион.

Општината Охрид во овој меѓупериод е задолжена да превенира градежни работи на посочената локацијата за важноста на одобрението за градба за локацијата на ресторан-дискотека Парк.

Владата ги задолжи сите надлежни министерства и инспекторати, во взаемна и постојана комуникација и преку давање на стручна помош да ги решаваат проблемите со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Исто така им укажа на општините Охрид, Струга и Дебарца, одобренијата за градба да ги издаваат со извод од ДУП и од Планот за управување со Охридскиот регион. Општините Охрид, Струга и Дебрца до донесувањето на новите урбанистички планови кои ќе бидат усогласени со Планот за управување, изградба на објекти или преземање на мерки на непосредна заштита со кои се нарушува интегритетот на културното наследство на Охридскиот регион, задолжително е да се врши со издавање на заштитно-конзерваторски услови.

Охридското Езеро има двојна заштита од УНЕСКО – како природно и како културно наследство. Интересно е што кога се заштитувал Охрид како природно (во 1979) и како културно наследство (во 1980 година), биле земени предвид многу широки граници. Така, денес УНЕСКО не го штити само градското јадро, туку и црквите, Галеријата со икони и археолошките локалитети. Експертите велат дека, од друга страна, тоа многу ја отежнува заштитата.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Орце Костов

Левица: Јавните претпријатија повторно во загуба иако ги покачија цените врз грбот на охриѓани