Двајца жители на тетовското село Голема Речица пукале со гасен пиштол низ Тетово, соопшти МВР.
Во среда околу 15.30 часот од автомобил „БМВ“ на улицата „Маршал Тито“ во Тетово биле испукано неколку куршуми во воздух.
Полицијата го утврдила идентитетот на возачот и совозачот на автомобилот. Станува збор за триесет и петгодишен и дваесет и шестгодишен жител на селото Голема Речица.
Под седиштето на автомобилот е пронајден гасен пиштол. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.