Снопче: ВЛЕН очекува да има 80 пратеници кои ги ги поддржат измените за реогранизација на министерствата

Од:

Пратеникот на Коалицијата „Вреди“, Халил Снопче истакна дека даваат поддршка и очекуваат дека и другите пратеници ќе ги поддржат измените на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства.

-Нема причина да не се поддржи ова. Даваме поддршка на новиот владин кабиент. Треба двотретинско мнознство, за двотретинско мнозинство сигурно ни треба поддршка од пратеници од опозицијата. Без таква подддршка не може да помине. Ние сметаме дека треба да се поддржи ова барање во насока на конфигурација, вели изјави Снопче.

Тој нагласи дека најпрвин треба да бидат формирани работните тела низ кои треба да поминат овие законски решенија, односно собраниските комисии – Комисијата за политички систем и Законодавно правната комисија.

Снопче потенцира дека на координацијата имало препукувања околу тоа дали двете потребни собраниски комисии да бидат формирани посебно. Посочи дека треба поголема координација од страна на политичките партии.

– Роковите веќе течат. Заради тоа овие две комисии – Комисијата за политички и Законодавно правната комисија треба да се што побргу, за да можеме да процесираме во Собранието да го процесуираме законот, рече тој и нагласи дека очекува утре и задутре да се одржи седница на собраниската Комисија за прашањата на именувањата и изборите за да се процесуираат овие две комисии, изјави Снопче.

Тој не гледа никаква причина овие законски измени да не бидат поддржани и од опозициските партии СДСМ и Коалицијата „Европски фронт“.

-Мислам дека нема причина за да се одбие и да не се прифати од страна на другите партии опозициони од страна на СДСМ и Европскиот фронт, бидејќи е за подобра функционалност, рече Снопче.

Би можело да ве интересира

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Лимани: За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“