А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Најмногу снег во Лазарополе

by А1он04/01/2018 - 09:1304/01/2018 - 11:03105
Share0

Најмногу снег има во Лазарополе каде што висината на снежната покривка е 17 сантиметри, додека во Крушево наврнати се само шест сантиметри. Повеќе снег од Крушево има во Охрид и Претор каде висината на снежната покривка изнесува осум сантиметри.

Добивај вести на вибер

Слаб снег утринава има во Крива Паланка, а во изминатите часови и во Берово.

Утринава најстудено е во Берово каде се измерени -3 степени, а најтопло е во Скопје и Демир Капија каде утринската температура е два степена.

До осум часот утринава најмногу дожд има наврнато во Лазарополе, а најмалку во Крива Паланка.

Врнежи од дожд ќе има до попладневните часови долж Повардарието, а на планините на запад и на исток врнежите ќе бидат од снег. Утринава дува слаб претежно северозападен ветер, освен во Ѓуриште каде ветерот е умерен северозападен. Од пладне се очекува умерен до повремено засилен северозападен ветер кој ќе биде најизразен на југоисток, а облачноста ќе се намалува. Температурата ќе се движи од 4 до 11 степени.

Во Скопје претпладне сеуште ќе има повремен слаб дожд, а потоа ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер и облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне до девет степени.

Веќе од утре се очекува стабилно и суво време со магла по котрлините и по речните долини. Во следните два дена, утринските температури ќе бидат пониски, а за време на викендот преку ден, особено на југоисток, ќе достигнуваат и до 15 степени, со исклучок на местата каде со магла.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто