Снегот ги предизвика првите проблеми на патиштата: прекинат сообраќајот меѓу Кочани и Каменица, забрана за камиони на кракот Маврово-Дебар

Од:

Поради снежни врнежи, воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти АМСМ.

Според информација од ЈП МакедонијаПат, поради одрон сообраќајот е целосно во прекин на патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци кај местото Ајдучки Камен.

За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево. Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево.

На целата територија на Македонија има снежни врнежи и сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, велат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато