Снег во Крушево, Маврово и Лазарополе

Од:

Висината на снежната покривка во осум часот во Крушево изнесува два сантиметри, а во Маврово и Лазарополе по еден сантиметар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минимални температури утрово се движат од минус четири во Маврово, минус три во Крушево, минус два во Лазарополе и Ѓуриште, нула во Пожаране, Тополчани, и Берово, еден степен во Крива Паланка, Охрид и Претор, два во Виница, Прилеп и Куманово, три Скопје Петровец, Битола, Штип и Тетово, четири во Струмица и Скопје, пет во Демир Капија и Дојран до седум степени во Гевгелија.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса во текот на ноќта насекаде во земјава предизвика облачно време со повремени локални врнежи до дожд кои повеќе беа застапени во западните и северните делови. Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд е наврнат во Охрид – 14 литри на метар квадратен.

На планините и повисоките места врнежите од дожд поминаа во снег. Врнежите беа поинтензивни во западните и југозападните делови. На планините и повисоките места се формира и снежна покривка. Дуваше умерен а на повеќе места засилен северозападен ветер, кој во Пелагонија,Скопската котлина и Штипскиот регион достигнуваше брзина од 43 до 54 километри на час.

Утринава насекаде во земјава времето е облачно, студено и ветровито. Дува умерен, а во штипскиот регион засилен северозападен ветер кој достигнува брзина 58 километри на час.

Времето во текот на денов ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремен локален дожд со послаб интензитет, а на планините и некои повисоки места со слаб снег. Ќе дува на повеќе места засилен северен ветер, што ќе предизвика позначителен пад на дневната температурата и ќе се движи во интервалот од два до девет степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено време, претпладне со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до пет степени.

Од УХМР најавуваат дека во наредните денови следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски