Сметката на Клиниката за гинекологија ќе биде одблокирана со аванс од ФЗОМ

Од:

Сметката на Клиниката за гинекологија и акушерство ќе биде одблокирана со средства што Фондот за здравствено осигурување ги обезбедил за клиниката како аванс, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Изутрината имале состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и проблемот веќе е решен. Авансот е во висина колкава што е сумата за блокираната сметка, но, како што посочи, не станува збор за средства кои се скратени од некаде туку, за дополнителна сума пари.

– Ќе се обезбеди дополнитена сума пари во форма на аванс. Таа сума ќе биде достапна за Клиниката за гинекологија во текот на денешниот ден или евентуално заради близината на празниците во текот на наредната недела во вторник. Проблемот е решен и сметката ќе биде ослободена за нормално функционирање на клиниката, рече Филипче пред денешната конференција за за унапредување на услугите во социјалната дејност и јавното здравство.

Тој не очекува наскоро да дојде до ново блокирање на сметката на клиниката, иако има уште постапки кои се водат за истата проблематика заради која сметката на Гинекологија беше блокирана.

Вели дека работата и нормалното функционирање на клиниката не се загрозени, ниту платите на вработените.

Сметката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство неколку дена беше блокрана поради достасани барања за исплата на извршни судски решенија.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај