„Постапено е по протокол“ – Гинекологија одговори на потресното сведоштво на медицинската сестра Шавреска

Од:

По објавата на медицинската сестра Љубица Шавреска, која вчера јавно раскажа за своето искуство на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, денеска се огласи и ГАК.

Од клиниката ги отфрлаат обвинувањата на Шавреска и информираат дека случајот денеска бил разгледан од Комисијата за квалитет.

„Констатирано е дека во врска со пациентката е постапено по протокол, за што постојат и пишани докази за истото – прегледи, терапија и сл.“, велат од ГАК.

Оттаму додаваат дека и покрај пружената грижа, пациентката ја напуштила клиниката на свое барање.

Шавреска, која има 10 години работно искуство како медицинска сестра, вчера во својата објава опиша дека во 24. недела и 3 дена од бременоста почувствувала силни болки и притисок, по што состојбата ѝ се влошила со крвавење и отежнато дишење. Таа изнесе низа забелешки за начинот на кој, според неа, било постапувано со неа на ГАК, по што заминала во „Систина“, каде што, како што наведе, добила навремена медицинска помош.

Во својата објава Шавреска посочи дека не планира да тужи, туку дека нејзината цел е да укаже на проблемите и да придонесе за промени во здравствениот систем.

Од ГАК, пак, велат дека како институција ја почитуваат приватноста на секој пациент, но и интегритетот и начелата на установата.

Би можело да ве интересира

Бебе e пронајдено на клупа во Скопје

Горан Наумовски

Снема струја во ГАК на 28 март – институцијата тврди „Реагиравме на време“

Горан Наумовски

Почина 34-годишна родилка на Гинекологија

А1он

ГАК со нов лик: Завршена реконструкцијата, над 4.000 бебиња родени годинава

Комисијата утврди: Реанимацијата на починатото новороденче на ГАК била спроведена по протокол

ГАК: Нема физички повреди кај новороденчето, смртта настапила поради незрелост на белите дробови

Горан Наумовски