Смаќоска побара Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски да бидат однесени во затоврот во Шутка за да не избегаат

Од:

Обвинителката Гордана Смаќоска побара ефективен притвор за поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистерот за образование Спиро Ристовски, ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески, ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски. Таа смета дека тие имаат контакти бидејќи некогаш биле високи функционери, а со тоа можат да се дадат во бегство. Притворот е побаран бидејќи се осудени како организатори на 27 април.

„Предлагам на Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и Владимир Атанасовска да им се определи притвор до правосилност на пресудата. Денеска тие се огласени за виновни за многу тешко кривично дело. Тие имаат многу познанства во странство, кои ако се бранат од слобода тие ќе се дадат во бегство, односно кријат за да ја избегнат кривичната одговорност и издржување на ефективната казна затвор. Со оглед дека Миле Јанакиески е во куќен притвор по друг предмет, предлагам судот да ја укине таа мерка и да определи притвор по истите основи како останатите обвинети“, рече обвинителката Гордана Смаќоска.

На ова се спротивставија адвокатите на обвинетите кои добија затворски казни за случајот „Организатори на 27 април“. Адвокатот Еленко Миланов кажа дека сите обвинети до сега го почитувале судот, доаѓале на судења, а за обвинетиот Миле Јанакиески кажа дека веќе е во куќен притвор и нема ниту едно негово прекршување.

На рочиштето беа изречени затворски казни за сите обвинети каде обвинети се за организирање на насилниот упад на 27 април.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија