(ВИДЕО) Пресуда „27 април“: Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Јанакиески и Ристовски на шест години и три месеци, Атанасовски доби затворска од шест години

Од:

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на шест години и шест месеци затворска казна. Ексминистерот за образование Спиро Ристовски доби казна затвор од шест години и три месеци, во која му се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор. На ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески му е изречена шест години и три месеци во која му се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор. Ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски доби шест години затворска казна, во која му се замсетува притворот и куќниот притвор.

„Виновни се затоа што по неуспешните преговори за формирање на Влада, изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поред и безбедност на Македонија со акти на насилство за да не се предаде мирно власта. Како отежителни околности се тежината на кривичното дело е позицијата на обвинетите, умислата на обвинетите, општествената опасност од таквиот вид на кривични дела бидејќи се повреди сржта на претставничката демократија, степенот на кривична одговорност кои делувале како организатори, што се посегна по редовното функционирање на Собранието. Според судот овој кривично правен настан е плански мотивиран, смислен, реален за да се зачува власта. Судот ги ценеше како отежителна околност и загрозувањето на животот на пратениците, дејствијата кои биле преземени. Ваквите отежителни околности ги доведе во корелација со олеснителните околности дека се родители на малолетни деца, фактот дека против обвинетите Ристовски, Вељановски, Атанасовски не се водат други кривични дела, однесувањето на обвинетите во постапката, соработката со судот, обезбедување на голем број на сведоци со оглед на краткиот рок на доставување на судска постапка, изразеното жалење за настаните. Судот не можеше да не ја земе во предвид дадената амнестија дадена со Законот за амнестија. Дел од амнестираните лица беа исто така високи лица во државата. Ова упатува за ублажување на казната“, рече Трпков читајќи дел од обвинението.

Судијата Илија Трпков даде објаснување за причините поради кои ја судечкиот совет ја донел пресудата.

„Случувањата на 27.04.2017 ќе бидат запаметени како настани без преседан. Четири години по настанот има правосилна пресуда за лицата кои извршија упад и насилно влегоа во Собранието. Во ова обвинение главен организатор е наведен Никола Груевски, кој е во бегство и бара азил. Да се врши насилен упад во пармалентот кој е испланиран и во тоа да учествуваат високи функционери е застрашувачко. Државата се брани со срце, ум, правилни потези. Времето и историјата ќе покажат што било правилно а што не. Државата не се гради, ниту брани со насилство. Дали ќе се случеше насилниот упад ако не беше испланиран? Се разбира дека не. Само со план можеше тоа да се случи. Советот ги ценеше сите докази на странките, секој поединчено. Само целината на доказите може да даде одговор на многу прашања. Не се суди на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, друга партија, туку на конкретни лица“, рече Илија Трпков.

Судијата Илија Трпков даде објаснување за причините поради кои ја судечкиот совет ја донел пресудата.

Судијата праша како судечкиот совет да поклони верба на сведоците од ВМРО-ДПМНЕ, кога од пораките покажуваат нешто спротивно, потенцирајќи дека сведоците дале сведочење под заклетва.

„Како советот да поклони верба на сведоците, кога од изведените докази произлезе сосема поинакво нешто. Се изведоа пораки од кои се гледа како се барале труби и свирчиња. Загрозен беше уставниот поредок. Дали овие обвинети се терористи или не, истакнувам дека законот е тој што дава дефиниција и определба за дејствијата на лицата. Доколку некој биде осуден за ова кривично дело, како ќе биде нарекуван е најмалку важно. Најважно е да се утврди дали бил загрозен уставниот поредок, со акт на насилство преку дејствијата. Сите дејствија на обвинетите треба да се разгледуваат конкретно. Дали обвинетите се познаваат меѓу себе е прашање кое го наметна одбраната, но важно е дали нивните дејствија го исполниле битието на кривичното дело. Судската пракса на национално ниво тврди дека нема потреба организацијата да биде со добро организирана структура и континуирано комуницирање“, додаде Илија Трпков.

За Трпков, постапувањето на Трајко Вељановски било осмислен чин насочен кон загрозување на уставниот поредок.

За Трпков, постапувањето на Трајко Вељановски било осмислен чин насочен кон загрозување на уставниот поредок.

„Според судот, тоа што не се преминало на друга точка во минатото, тоа за судот покажува дека немало потреба од тоа. Дека деловниот треба да се применува за да се обезбедат сите права на пратениците. Начинот на кој ја водел седницата, целта која сакал да ја постигне, последиците од настанот, активностите кои ги преземал а произлегуваат од доказите, претставуваат дејствија директно насочени кон загрозување на уставниот поредок, како основа за исполнување на битието на кривичното дело. Постапувањето на обвинетиот било осмислен чин со намера не да се формира влада“, рече Трпков.

За Јанакиески и Ристовски пресудни за судот биле пораките кои ги разменувале, а беа докази во постапката, а даде верба и на сведоците Александар Василевски-Нинџа, Стефан и Михаил Младеновски.

„Кривичната одговорност на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски не е во фактот само дека организирале собир со граѓаните и барале говорници да одржат говор за граѓаните да ја штитат Македонија од Тиранската платформа. Јанакиески и Ристовски давале насоки кон пратениците. Спиро Ристовски викал: ‘Појачајте од секаде до максимум’, а Јанакиески: ‘Качете се горе е Заев’. Од пораките кои беа презентирани, видна е комуникацијата меѓу Јанакиески и Канческа-Милевска. Пораките не одат во правец на одбраната на Јанакиески и Ристовски. Одбраната сакаше да докаже дека овие пораки се испратени многу порано од случувањата во собранието. Но, судот, освен што доказите ги цени секој засебно, ги цени и во целина. Ваквите пораки се во корелација на сведочењата на сведоците Стефан и Михаил Младеновски и Александар Василевски-Нинџа. Судот размислуваше дали да поклони верба на Александар Василевски-Нинџа. Постојат доволно докази, материјали и вербални од кои произлегува дека Василевски-Нинџа бил запознаен што се случува во седиштето на партијата, имал доволно информации кој бил таму“, рече судијата Трпков.

Судијата Трпков рече дек Атанасовски требало да преземе се што може за да го спречи упадот.

На рочиштето наместо обвинителката Вилма Русковска, присуствуваше Гордана Смаќоска

„Неспорно се гледаат и дејствијата на Владимир Атанасовски. Обвинетиот тогаш како директор на УБК и обвинетиот Никола Бошкоски вработен во УБК ги мобилизирале членовите за да се спречи мирно предавање на власта. Па така, Василевски рече: ‘Сакам да нагласам дека известував на тие протести колку луѓе протестираат, можам да посочам каде се собираа некои групи. Тоа беа луѓе од градинки, училишта, а се потпишуваа кај претседателот на општинскиот комитет’. Неспорно е дека обвинетиот бил на чело на УБК, со работно искуство во МВР, па со самото тоа што имал сознанија упатува на тоа дека бил свесен за последиците од насилното влегување во Собранието. За него било јасно што значи влегувањето на толпа народ во Собранието. Кога располагал со информации за влез во Собранието, требало да преземе се што е во рамки на негова надлежност“, рече Трпков.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон, бидејќи се во бегство.

Обвинетите се осудени дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Според обвинението, на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање влада, обвинетите со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, тие ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.

„Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, стои во обвинението.

Во него се додава и дека на 27 април 2017, се организирало непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување на насилство.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија