Смаиловиќ: Апасиев ме нарече муџахединка, а јас ги бришев коментарите што го навредуваат

Од:

Граѓанската активистка Мерсиха Смаиловиќ на Фејсбук соопшти детали од кривичната пријава за ширење омраза, која таа ја поднесе против пратеникот на Левица Димитар Апасиев.

Апасиев денеска одговараше пред надлежен обвинител за случајот, а потоа изјави дека добива закани за него и неговото семејство откако ги напишал статусите на Фејсбук за кои е отворен предмет во Јавното обвинителство.

Смаиловиќ објаснува дека пријавата е поднесена во јули, преку Хелсиншкиот комитет, за сторено кривично дело: Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, а во врска со неговиот статус во кој Апасиев ја тагирал и напишал: „Поздрав до мојата колешка, атисемитска муџахединка Mersiha Smailovic од СДС- клеропатријахална“ и во продолжение на објавата следела фотографија со текст „гласам за секуларна држава“.

Во пријавата стои дека првичниот текст на објавата предизвикал омраза, раздор и нетрпеливост кон припадниците на муслиманската вера во Македонија.

„Со постот на Апасиев се распалуваат и подгреваат чувства на непризнавање нетолеранција, упатување навреди и омаловажување, но и бројни пораки од неговите приврзаници,“ вели Смаиловиќ.

„Денес тој немаше одговор на ова обвинување, туку рече дека на видеото на мојот фб профил го навредувале него и семејството. Дури и јас имам ниво на комуникација која ја толерирам, па така сите вулгарни пораки, навреди кон неговото семејство и недолични коментари, ги бришев. Дури и видеото со коментари е уште достапно, и може да се види дека коментарите со подршка на Апасиев ги оставив,“ додава активистката.

„Апасиев е Лидер на политичка партија, Пратеник во Сообрание, тој од таа позиција навредува и ѝ се заканува на граѓанска активистка. Јас поддржувам слобода на говор, но омалуважување, навреда, клевета и закана, тоа не, и треба судските органите КОНЕЧНО да го санкционираат ваквиот говор, од кого и да доаѓа,“ заклучува Смаиловиќ во објавата.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Апасиев: Државата ги штити богатите, работниците го плаќаат товарот

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција