Судењето за случајот „Плацеви на Водно“, денеска продолжува со искази на сведоци предложени од обвинителството. Актуелно во Кривичниот суд Скопје, се сослушува сведокот Менка Макаревска, која во својство на адвокат ја објаснува процедурата на регистрација на фирмата „Сирах Инжинеринг“’, која според обвинението се јавува како купувач на плацевите на Водно.
– Како адвокат работам на граѓанска материја, стопанско право. Фирмата „Сирах Инженеринг“ е основана во 2012 година. Во врска со основање на фирмата, адвокатот Серјожа Марков ме престави кај Александар Ивановски-Алек. Фирмата ќе се основаше со странски капитал. Ова фирма ќе се занимаваше со градежништво, кажа сведокот Макаревска.
Воедно, денеска свое сведочење во овој предмет треба да даде и Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски
Овок случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.
Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.