Случајот „27 април“ во среда пред Апелација

Од:

Јавната седница пред Апелациониот суд Скопје за обемниот случај во јавноста познат како „27 април“ е закажана за наредната недела, во среда, четврток и во петок. Поради коронавирусот, седницата ќе се одржи во Големата свечена сала на Врховниот суд, информираат од Апелацискиот суд Скопје.

„Седницата ќе се одржи согласно протоколот утврден во Прилог 4 во Одлуката за изменување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус Covid-19 објавена во Службен весник на РСМ бр.134/20 од 22.05.2020 година“, се вели во соопштението од Апелација.

Првично, јавната седница беше закажана за 18, 19 и 20 март, но беше одложена поради коронавирусот.

Пред Апелацискиот суд осудените и нивните адвокати ќе ги образложуваат своите жалби за казните во првостепената пресуда.

Во предметот првично беа опфатени 33 лица, но 15 од нив добија амнестија со закон што Собранието го донесе во 2018 година. Од останатите единствено Игор Дурловски доби ослободителна пресуда, додека другите добија вкупно 211 години затвор. Највисока казна доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков – 18 години затвор.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Апелација ги зголеми казните на 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба

А1он

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки