Хаки Азири и Сами Љута, обвинети во случајот „Монструм“, денеска треба да сведочат што виделе и правеле во критичните денови. Хаки Азири во претходната судска постапка од заштитен сведок стана обвинет. Тој ја смени изјавата која ја дал претходно, објаснувајќи дека бил под притисок од полициски инспектори и дека стравува за својот живот.
На минатото рочиште сведочеа обвинетите Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири. Обвинителите на специјалното јавно обвинителство неколку часа ги распрашуваа за нивното алиби на критичниот ден и поврзаноста со настанот и останатите обвинети.
Агим Исмаиловиќ на претходното рочиште даде контрадикторни изјави за критичниот ден кога биле убиени момчињата на Смилсковското Езеро. Тој рече дека на 12 април 2012 година бил на работа во интернет-кафуле кое во неговиот дом. Подоцна рече дека можеби бил дома и извршувал верски обред. Откако обвинителката Фетаи му предочи негов исказ, во кој, порано тврдел дека на критичниот ден работел на поставување канализација, тој го потврди и тоа.
Обвинителите го распрашуваа обвинетиот Фејзи Азири, за неговото алиби на критичниот ден.
Васко Маглешов