Случаите во Финска не се во базата на заразени од Македонија, велат здравствените власти

Од:

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот од Скопје за Турку, Финска, во кој финските здравствени власти открија 24 случаи на лица заразени со коронавирус.

Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, велат од Министерството за здравство.

Претходно, министерството во врска со случајот информираше дека во авионот воглавно имало патници што транзитираат преку Скопје, а од направените проверки било утврдено дека најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.

Би можело да ве интересира

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

ВИДЕО: Финска објави снимка од заземањето на руски брод

Финска го притвори екипажот на бродот поради сечење на кабел во Балтичкото Море

Почна истрагата за падот на авионот во Мавровското езеро

Мал авион падна во Мавровското Езеро, еден повреден

Катерина Ѓуровски

Стуб: Прекин на огнот во Украина е малку веројатен пред пролетта следната година