„Слободна Македонија“, весник на ОТПОРОТ, весник на вистината

Од:

Денеска „ Сојузот за иднината“ го достави до неготинчани првото издание на весникот „Слободна Македонија“, весник кој, велат,  ќе известува објективно, реално, ќе ја покажува онаа другата страна – вистинската. Онаа страна, велат,  која мегафоните на власта , потплатени и купени со народни пари не ја прикажуваат.

„Сите вести кои власта не сака да ги знаете, можете да ги дознаете во слободниот весник на отпорот СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА.’’ –рече Силвана Филипова

“ Само добро информиран народ може да донесе правилни одлуки. Наша цел е граѓаните на Неготино да ја имаат вистинската слика за случувањата во Македонија. Па ако е потребно и на ваков начин ќе се бориме вистината да стигне до неготинчани. Моите сожители го заслужуваат тоа “ додава Силвана   Филипова, кандидатот за градоначалник на Неготино, од редовите на Сојузот за иднината.

Од тимот на Филипова изјавија дека со вакви методи и слични настани ќе продолжат и во иднина. Ќе сторат се за неготинчани да можат да ја слушнат вистината .vesnik 1

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски