Слаб локален дожд и температура до 12 степени

Од:

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб локален дожд и слаб снег на планините и на некои повисоки места, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец, а кон крајот на денот од северен. Температурата ќе се движи од еден до 12 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со слаб локален дожд, и со слаб снег на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец, кон крајот на денот од северен. Температурата ќе достигне 10 степени.

За време на викендот и новогодишната ноќ се очекува стабилно и суво време, во сабота со слаб до умерен северозападен ветер. Од вторник ќе има извесно зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски