Скопска Апелација треба да одлучи за изземањето на судиите во „Титаник“

Од:

Врховниот суд во понеделникот ја испратил одлуката за изземање на судиите во случајот „Титаник“ до Апелациониот суд во Скопје, потврдуваат оттаму за „Макфакс“. Решението и предметот се експедирани до апелационите судии, одговорија од највисокиот суд за „Макфакс“.

Кога решението ќе биде готово, тоа оттаму ќе биде испратено во кривичниот суд. За предметите „ТНТ“ и „Насилство“, повисоките судови донесоа одлука дека нема основа за изземање на судиите.

Поради немањето одлука за изземање беше одложено и денешното судење за случајот „Титаник“, во кој се обвинети експремиерот Никола Груевски и уште 20 други лица. Адвокатот Еленко Миланов побара изземање на судиите поради сомнеж дека ги има во бомбите.

На денешното рочиште дојдоа сите обвинети, меѓу кои и Гордана Јанкулоска, која не се појави на претходното судење поради отворено боледување. Следното рочиште е закажано за 9 мај.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Апелација ги зголеми казните на 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки