Денеска околу 02,40 часот по полноќ, во Скопје на раскрсницата од улицата „Ферид Бајрам“ и улицата „Рокомија“, петнаесетгодишно момче од Скопје, било физички нападнато од неколку млади лица, кои удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото му нанеле телесни повреди.
Според пријавителот, односно таткото на оштетениот, физичкиот напад бил етнички мотивиран.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.