Скопје повторно руши рекорди-трет град во светот по загаден воздух

Од:

Неколку денови по ред, во Скопје не се излегува надвор -во воздухот повторно има високи концентрации на опасни честички. Проблемот како и секоја зима, остана и оваа, без никакво решение.

Денеска Скопје е трет град по загаденост во светот, веднаш по Лахор во Пакистан и Делхи во Индија. Ваквата ситуација трае со денови, но не ги алармира ниту зелените, ниту пак тие што претставуваат зелени агенди цела година.

Од скопските општини најлош е воздухот во Карпош, Центар, Лисиче и Гази Баба каде загадувањето достигнува над 400 ПМ 10 честички. Аерозагадувањето не само што само по себе претставува голема опасност, туку и според лекарите, дополнително го олеснува патот на вирусите до белите дробови.

Загадувањето на воздухот стана најголема закана за здравјето на луѓето кои живеат во Скопје, а ситуацијата се влошува со години, наместо да се најде решение. Според досегашните анализи, една од главните причини за енормното загадување е греењето на домаќинствата, со придонес од најмалку 32% во вкупните штетни емисии. Во текот на зимските месеци, според мониторинг станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање штетните честички на PM 10 се околу десет пати повисоки од максимално дозволените концентрации според националното законодавство.

Македонија е и на 17 место во светот како најзагадена држава во текот на целата година. Од регионот пред нас е само Босна И Херцеговина која се наоѓа на 10 место.

Би можело да ве интересира

Стефковски бара Град Скопје да ги врати старите имиња на улиците во Гази Баба

Арсовска: Правиме чуда за Скопје со малку пари иако партиските лидери ги саботираат процесите

Орце Костов

Арсовска: Пречистителната станица во Скопје е најголемиот еко капитален проект во државава и регионот

Горан Наумовски

Арсовска: Oтпочнува постапката за изградба на новиот Луна парк

Горан Наумовски

Таксистите бараат Град Скопје да го реши хаосот со такси превозот

Костовски: Арсовска се чуди како сум можел да бидам против нејзе, нека не се чуди, јас секогаш ќе бидам на страната на народот

Ана Ололовска