Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Од:

Скопје и годинава со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога градот се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

Традиционално во понеделник, на 26 јули, во 10 часот пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе.

Општинската организација на Црвениот крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиологија во понеделник (26.07.2021 година) ја организира традиционалната крводарителска акција. Акцијата, којашто почна во 9 часот и ќе трае до 17 часот, во Дневниот центар за дарување крв во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.

Традиционално по повод годишнината од земјотресот, Град Скопје и јавните културни установи ќе организираат многубројни настани.

Во Музејот на Град Скопје во понеделник во 19 часот ќе се одржи поетско читање на Организацијата на жени на Град Скопје, а во 20 часот ќе се отвори изложбата „Колаж на еден разурнат град“.

Во 9 часот ќе се организира „Скопска аванТУРА“ – Детска едукативна прошетка низ минатото на Скопје, а почетната точка ќе биде Феудална кула кај Дом на АРМ.

Во 19 часот ќе се одржи и свеченото пуштање во употреба на новиот Кеј 13 Ноември, кој ќе биде проследен со настап на Градски дувачки оркестар и изложба на отворено „Сигналитика на централното подрачје на Скопје“.

Во Национална опера и балет во 20 часот, како дел од Скопско лето, ќе се одржи балетската претстава „Сви марш на плес“.

Програмата за одбележување на 26 јули ќе биде заокружена со централниот настан во 21 часот во Градскиот парк, каде што ќе се одржи концерт на Филхармонија на РСМ и „Архангел“, насловен како „Филхармонија и Архангел за Скопје“.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он