Скопје на 10 декември ќе започне да се украсува за Нова Година

Од:

Од Град Скопје информираат дека на 10 декември ќе започне новогодишното украсување, откако се јавиле компании заинтересирани да помогнат, меѓу кои една од нив најавила дека ќе го украси градот без финансиски импликации на градскиот буџет.

„Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот“, изјави градоначалничката Арсовска.

Компанијата Линк Медиа најавила дека со украсување ќе започне на 10 декември.

„Град Скопје и Линк Медиа спогодбено го раскинаа договорот за новогодишно украсување на Скопје, што беше склучен во месец октомври оваа година“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски