Скопје ќе има „Недела на гордоста“, но не и геј парада

Од:

Веста дека од утре ќе има Геј парада во Скопје, извори од ЛГБТ Јунајтед за А1он велат дека не е точна. Оваа дезинформација која од утрово се шири на веб страните всушност е стара 5 месеци и истата е објавена на 26.02.2013.

Од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ најавуваат дека во периодот од 22 до 27 јуни ќе организираат „Недела на гордоста“, којашто е во контекст на глобалното одбележување на Stonewall riots и на 27 јуни како интернационален ден на гордоста.

Славчо Димитров, извршен директор на Коалицијата, за А1он вели дека во рамките на неделата преку дискусии, филмски проекции и дебати ќе се отворат важни теми кои ја засегаат ЛГБТИК популацијата.

„Главен фокус на ова се прашањата со дискриминацијата, говорот на омраза и стигмата кон лицата кои живеат со ХИВ“, објасни Димитров, додавајќи дека е небулозно тоа што новинарите за „наводната“ Геј парада во Скопје превземе вест која е стара 5 месеци.

Screenshot_10

Уранија Провска од Хелсиншки комитет за А1он вели дека тие како и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ работат за правата на ЛГБТ заедницата како и дека ќе ја поддржат „Неделата на гордоста“.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

НМХТ: Граѓаните да им пишат мејлови на премиерот и на министрите јавно да ја осудат хомофобијата

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Активисти: Премиерот јавно да го осуди насилството врз ЛГБТИ заедницата

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Пировска: Власта сака да го чува бракот, а воведува вонбрачна заедница

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: НЕ на хомофобијата, омразата и дискриминацијата!

Ана Ололовска

ФОТО: Актери, музичари и јавни личности во кампања против хомофобијата

Ана Ололовска

Стартува кампања за човековите права на ЛГБТ лицата

Емир Латифовиќ