СКОПЈЕ: Европски ден без автомобили

Од:

На меѓународниот ден без автомобили – 22 Септември, во Скопје и тоа како се возеа автомобили, иако вчера имаше велосипедска прошетка, која заврши во градскиот парк и која беше со цел да се поттикнат граѓаните на пешачаење. Таква идеја имаше и премеирот Никола Груевски пред неколку години, кога од својот дом до владата, со бројни телевизиски екипи на овој ден одеше пеш и заборави на својот службен автомобил, таа година.

Изминативе години на овој ден, главен иницијатор да се заборави на автомобилите беше поранешната амбасадорка на Холандија, Симне Филипини која учествуваше на велосипедскиот и пешачки кросови, и која на премиерот Никола Груевски лично му подари велосипед. Земјите членки на ЕУ го одбележуваат 22 септември од 2000 година наваму. Тогаш, поранешниот Европски комесар за животна средина Марго Валстром го воспостави Денот без автомобили како европска иницијатива.

Овој ден е замислен како можност градовите да ја покажат својата загриженост за прашањата поврзани со заштитата на човечката околина. Локалните власти на овој начин можат да ги претстават нивните урбани центри во поинакво светло и да ги спроведат клучните планови со цел да се намали моторниот сообраќај во одредени делови преку поттикнување на употребата на одржливи начини за превоз и подигнување на граѓанската свест за нивниот удел во заштитата на животната средина.

Би можело да ве интересира

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска