Скопје доби Центар за управување на сообраќајот

Од:

Скопје доби автоматско управување на сообраќајот. Од денеска пуштен е во пробна работа Центарот за управување и контрола на сообраќајот, кој се очекува да профункционира во целост од ноември годинава. Проектот чини 2,6 милиони евра, средства обезбедени од Европската банка за обнова и развој.

На означувањето на официјалниот почеток со работа на Центарот присустуваa премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

Идејата е центарот да го регулира сообраќајот во главниот град. Ќе прибира податоци за сообраќајот во реално време, ќе управува со семафорскиот систем, визуелно ќе го набљудува сообраќајот, ќе дава приоритет на возилата од јавниот градски превоз…

– Од денеска ќе почне да се прибираат податоци од раскрсниците на кои е инсталирана опремата. Во  моментов инсталирана е на 16 раскрсници. Секоја има камера, бројач на возила и сите крстосници меѓусебе се поврзани и поврзани се со Центарот.  Вкупно треба да биде инсталирана опрема на  90 раскрсници и се очекува тоа да се случи до октомври годинава, изјави градоначалникот Трајановски по отворањето на Центарот.

Тој потенцира дека од Центарот ќе може да се управува со семафорите зависносо од кој смер доаѓаат повеќе возила, ќе има визуелно набљудување на раскрсниците, ќе може да се даде приоритете на возилата од јавниот сообраќај, како и да може да се управува со семафорите при движење на вип личности и делегации.

– На овој начин ќе се зголеми проточноста на возилата во Скопје, побрзо движење на возилата од јавниот сообраќајот, ќе се заштити животната средина бидејќи ќе има помалку застанувања и секако ќе биде побезбедно со оглед на тоа што има веќе автоматско управување со сообраќајот, рече Трајановски.

Според него, со ова Скопје влегува во списокот на градови кои имаат автоматско управување на сообраќајот. Ситемот го има во повеќе градови и е докажан.

Минситерката Јанкулоска посочи дека потребата од ваков паметен систем произлезе од се поголемиот број возила на патиштата, поголемата фреквенција и важноста од регулирање на сообраќајот за да се обезбеди побрз проток на возилата и патишата.

– Бројот на сообраќајни несреќи расте со поголемиот број учесници. И тоа е причина повеќе во соработка со локалната самоуправа да се обидуваме да изнајдеме заеднички решенија кои ќе водат кон побрз проток на возила и патници но и побезбеден сообраќај, истакна Јанкулоска.

Таа додаде дека минатата година статистиките говорат дека во главниот град имало 859 сообраќајни што е за 4 проценти повеќе од претходната година во кои 22 лица го загубиле животот, а 134 имале тешки телесни повреди. Бројот на лица со телесни повреди ее 1.142. Јанкулоска смета дека ова само по себе говори за големината на проблемот со кој се соочуваме и потребата на соодветна реакција од страна на институциите.

Од аспект на МВР, истакна, воспоставувањето на овој систем ќе биде значаен во услови кога има регулиран сообраќај заради движење на високи делегации што ќе може да се прави во целосна координација со Градот Скопје.

Функционирањето на системот, според Јанкулоска, со вбројува градот Скопје меѓу ретките во регионот кои имаат ваков паметен систем за регулирање на сообаќајот.

Центарот ќе го менаџира ЈП „Улици и патишта“. Вработените ќе бидат од ова јавно претпријатие од Минситерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Скопје повторно меѓу петте најзагадени градови во светот

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината