Инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликите околу името, очекуваат владите во Скопје и во Атина од медијаторот Метју Нимиц на претстојната рунда разговори за на 17 јануари во Њујорк.
Шефовите на дипломатиите на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на вчерашната целодневна средба во Солун, изразија оптимизам дека решение е можно.
Разговараа за методологијата, за пристапот на двете страни, како и за рамката на процесот за надминување на разликите околу името, јави дописникот на МИА од Атина.
Се согласија да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на разликата околу името.