Скопје 2014 – Завршен рез

Од:

Единствен пат кога се приклучив на шарената револуција некаде на почетокот,беше врнежлив ден и не верував дека ќе се осети ентузијазмот од претходните протести .Помислив дождот ќе ја спречи посветеноста,но граѓаните излегоа и одлично беше чувството да се осети цел тој оптимизам како струи низ ладен воздух. Огромна маса почна да се протега низ ширините .Чим се ислушаа јавните дискурси, сплотено и весело се фати правец кон зададената маршута…убави и паметни луѓе насекаде , емоцијата освежува ,дава храброст и сила која носи.

Се фрлаа и балоните со бои кон Мнр,наоколу теснец од полиција.Нивната построеност задаваше гнев но извиците ја пренасочуваа врелината…Масата продолжи према Чаршија …По пат удри силен ветер, застуде,дождот претера ,темницат некако застрашуваше…Напред се веат знамиња од сите бои ,тука е и Че во едно црвено од нив . Под Стоковната куќа мост одекнува ехото на тапанот,ама овој пат не е по звукот на тешкото туку тропа по ритамот на До-Ста-Бе-Ше-Мо-Лк!! Стигнуваме пред влада и гневот се прелеа во стварност…

Добродојдовте во Шареноликоста!
Скопскиот јавен простор ,конечно ја достигна својата кулминација.Таа се проширува и низ останатите градови.Со неа се деси социјално зреење ,еден микс од гнев,надеж,замор ,оптимизам ,стремеж.Се згуснаа градските празнини кои се драматизираат преку шареноликото делување, просторот еволуира обратнопропорционално од генералниот идиотизам на властодржието.

Интересен момент е секако потсмевот кој оваа револуција успеа креативно да го наметне како двигател на пост децениска агонија и човечката деградација.Авангарден одговор на бедното и застарено сивило.Затоа беше копирани и од другите европски протести ,како оној во Париз.Од овој покрет нема спас ни за бофал пропагандата ни за јадните контра копирања ,на глупата власт и нејзината краткогледост.
Впрочем расплетот на оваа спонтаност се состои токму во енергијата собирана сиве овие години на триење и затоа нејзиното тежиште е фокусирано токму преку изливот на боја.

Скопската утрина која деновиве се приметува шетајќи низ нејзините улици (после вечерните покрети) ,задава загушеност освежена од аномален ,колоритен и урбан вандализам.Запуштен град чија тишина е пореметена од драматично исфлеканите и избледени споменици кои се во распаѓање. Отпад,на кој му е дојдено времето да се рициклира.Нa глобално ниво архитектите ги надградуваат тезите Учејќи од Лас Вегас (‘’Learning from Las Vegas’’), книга на големиот архитект Вентури Скот Браун.Можеби стана и клише сите тие да се повикуваат на него преку градовите во кои живеат, изучувајќи го специфичното и интересното во нив. За жал,од Скопје нема више ништо што да се научи. Тој исчезна до некое следно време….

Затоа шареното револуционирање ќе мора да ги изнајде тие потребни сили за да опстане до конечната победа , да создава решенија со кои ќе мора да ги врати потребните градски визури ,толку значајни за Скопје.Но она што можеби ќе остане приоритет од сето тоа е секако континуитетот кој ќе треба оваа сеопшта партиципација да го задржи и во иднината,да преставува темел преку кој ќе се репродуцира повторното создавање на Македонскиот физички простор. Еден вид на отворен процес во кој секој ќе твори поединечно,претпазливо и внимателно,за никогаш повеќе да не се деси ваква градска осакатеност.Од ова движење би можело да произлезе и политички субјект ,без притоа да јудицира на партија,каде би се задржале хоризонталните контури на делување,кои во случајов беа единствените кои вродија со плод. Затоа и правото на град може да се самоодржи само преку ваква иницијатива која секојдневно ќе се грижи за хабитатот кој ја опкружува.И не само тоа,со потребната сејавна посветеност може и да се надградува урбаната култура со секојдневни интервенции и доприноси. Нема да има повеќе потреба од партиски штабови и политички трошкови со кои ќе се манипулира просторот и етерот.Нема да има потреба од бескрајни мандати и клиентелистички интереси.Доволна ќе биде само 2 годишна служба во Јавно добро,заслужена по демократски пат. И секогаш следователно со нов службеник ,кој ќе може слободно да црпи од претходните колегијални искуства. Само така ќе бидеме сигурни дека ќе затвориме со нашето минато. Градот е социјално општествено добро и нема потреба од него да профитираат поединци.Во таков создаден нов амбиент секој ќе има право и можност да реагира на најдобар можен начин чим увиде проблем или иузурпација која,и да допринесе во полесно решавање на проблемите од кои сме колективно засегнати. Нема потреба да се гледа ниту лево ниту десно туку само право, напред!

Затоа ни преостанува уште малце од периодов.

Грдата партија од власта го бара најлошото од нас ,Шарената она Најдоброто во Нас!

Да се приклучиме дур е време!

Александар Петров

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска