Скопјанка била нападната и малтретирана во автобус што сообраќал на линијата број пет, соопшти МВР.
Според нивните информации, во средата во 14,15 часот шеесет и четиригодишната скопјанка се качила во автобусот од постојката на булевар „Кочо Рацин“.
Четири лица ја нападнале и ја турнале на подот. Еден од нив со нога ја газел по грбот, по што насилниците избегале.
На скопјанката и биле нанесени видливи повреди на телото, а полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителите. Од МВР не соопштуваат зошто била нападната скопјанката.
Makfax