Скопјанецот Пино го нема веќе 22 дена, мајката моли за помош

Од:

Веќе 22 дена не може да се лоцира дваесет и шестгодишниот Пинета Секондо-Пино, кој последен пат бил виден во Ѓорче Петров на 10 декември, а исчезнал со неговиот автомобил „шкода“ со таблички SK-1566-AP. Неговата мајка, Маја Трковска, на социјалните мрежи моли за помош и додава „Игла на некој министер да беше, до сега ќе ја најдеа“. Таа за „Макфакс“ вели дека во ништо не се сомнева, но од друга страна, се ѝ е сомнително.

„Искрено, не се сомневам на никого. Од друга страна, сè ми е сомнително. Јас чекам нешто да ми кажат. Пино е дете кое нема земано пари на заем оти нема потреба, не одел по коцкарници. Ништо не укажуваше дека може да се случи ова. Тој на 23 декември требаше да патува за Италија, таму да го прославиме Божик. Не знам како се случи ова. Имаше планови. Се договараше со брат му и братучетка му за да шетаат“, вели Трпковска.

19 dena kako se nema traga od moeto dete. Izlezeno od doma 10 dekemvri 2018 so Skoda Fabia bela boja. Snimeno posleden…

Posted by Maja Trpkovska on Петок, 28 декември 2018

Мајката на Пино ги замолува сите, доколку го видат или имаат каква било информација да се обратат до неа или да пријават во полициска станица. Вели, секоја информација е добредојдена. Од Министерството за внатрешни работи не даваат никакви информации, ниту на мајката, ниту на медиумите.

„Истрагата е во тек, се работи на случај ист како и за сите други исчезнати лица. Не можеме да дадеме повеќе информации во моментов“, велат од МВР.

Фотографијата од Пинета Секондо е објавена и во делот „исчезнати лица“ на веб-стајтот од Министерството за внатрешни работи.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски