Скопјанец во полициски час шетал со мачета низ центарот на градот

Од:

Вчеравечер нешто по 23 часот, во центарот на Скопје бил уапсен 35-годишен жител на градот, кој со себе носел мачета, соопшти полицијата.

„Полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар синоќа во 23.15 часот, од слобода го лишиле К.Т.(35) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена мачета, со што сторил прекршок од Законот за оружје“, велат од полицијата.

Како што соопштија од МВР, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик, односно не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 21.00 часот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега