Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е поведена постапка против едно лице за кривично дело – телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, на 1 декември, во семејниот дом во селото Љубанци, при вршење семејно насилство, тој телесно ја повредил неговата поранешна сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.

-По вербална расправија меѓу двајцата, осомничениот со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, продолжил со тупаници да ја удира по главата, нанесувајќи и телесни повреди изразени во вид на набиеници на главата и вратот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасноста од бегство, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Фокуснет – Телеком: 24 години судски спор, милионска отштета и разрешени судии

Предраг Петровиќ

МВР: За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, лишени од слобода и приведени 14 лица

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Почина Самка Ибраимовски, долгогодишниот лидер на ПЦЕР и поранешен министер