Скопјанец од Ново Лисиче во својот дом произведувал дрога

Од:

Кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ е поднесена против 27-годишниот З.С.

Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

По претходно добиени сознанија дека непознато лице од населбата Ново Лисиче во својот дом произведува и продава дрога, Единицата за недозволена трговија со дрога го утврдила идентитетот на лицето и на 3 ноември извршен е претрес во неговиот дом. Притоа пронајдени се 86 таблети мешавина од психотропни супстанци амфетамин и МДМА, 76,78 грама анфетамин во прашкаста форма, спакуван во една полиетиленска кеса, 21,89 грама, анфетамин во прашкаста форма, спакуван во 24 полиетиленски пакувања за улична продажба, 31,47 грама канабис сатива, спакувана во 17 зипер кесички за улична продажба, 4,67 грама семки од истото растение и едно пакување Неоситол 10% со маса од 6,78 грама, Левамизол, медикамент кој се користи во ветерината за лекување на цревни паразити кај големата стока, а во недозволеното производство на синтетички дроги служи за зголемување на масата на дрогата, рачно направени преси и цилиндри на кои има изработени логоа за втиснување и седум патрони за ловечка пушка. Пронајдените предмети се одземени и дадени за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он