Скопјанец обвинет за недозволено држење оружје

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 11.04.2019 година, соопшти денеска ЈО, при претрес во домот во кој престојувало лицето на улица „Лазар Трпков“ во Скопје, биле пронајдени два пиштоли со калибар од 7,62 X 25 милиметри, како и една рамка со девет куршуми со ист калибар.

До Основниот суд Скопје 1 Скопје надлежниот јавен обвинител доставил и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постојат околности што укажуваат на опасноста лицето да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

Би можело да ве интересира

Американски разузнавачи: Кина се подготвува да испорача оружје на Иран и покрај прекинот на огнот

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

30 дена притвор за маж од Мала Речица кој се закануваше дека ќе изврши терористички акт со огнено оружје

Горан Наумовски